Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 11:1-33

Марко 11:1-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога се приближи до Еруса­лим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците, и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во не­го, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“ Тие отидоа и го најдоа младото ма­га­ре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го од­врзувате?“ А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што иде во името Господово! Благословено е царството на на­ши­от татко Давид, кое иде во името Гос­по­дово! Осана во висините!“ И влезе Исус во Ерусалим, во хра­мот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија. А утредента, кога излегоа од Ви­та­нија, Тој огладне; и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви. И Исус ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови. И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во хра­мот, и им ги преврте масите на менува­чите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби; и не дозволуваше никој преку хра­мот да пренесе каков и да било сад. И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие го направивте како разбојничко гнездо!“ И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот. Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. И кога се сети, Петар Му рече: „Ра­ви, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“ А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку по­ве­рува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прос­ти вашите гревови. Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“ И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците и старешините, па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?“ Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа. Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“ А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк. И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и ре­че: „Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.“

Марко 11:1-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

На пат кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици пристигнаа во Бетфага и Бетанија, во близина на Маслиновата Гора. Исус испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во селото што е пред вас. На самиот влез во селото ќе видите врзано едно младо магаре што досега не е јавано. Одврзете го и донесете го овде. Ако некој ве праша: ,Што правите?‘, кажете му: ,Му треба на Господ, и Тој бргу ќе го врати!‘“ Тие отидоа и го најдоа магаренцето врзано до една врата, покрај патот, и го одврзаа. Некои од луѓето што стоеја таму, ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето!?“ Им одговорија како што им рече Исус и тие ги оставија на мира. Учениците Му го донесоа магаренцето на Исус, ги положија своите облеки врз магарето, а Тој се качи на него. Голем број луѓе постилаа облеки по патот, а други постилаа разлистени гранчиња што ги кршеа по полето. Луѓе одеа и пред Исус и по Исус и гласно викаа: „Спаси нe сега! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Благословено да биде царството на нашиот прататко Давид - царството што ни доаѓа! Спаси нe сега Ти, Кој доаѓаш од небесните височини!“ Така Исус влезе во Ерусалим и отиде во храмот, разгледа сe наоколу, но бидејќи веќе беше доцна, се врати со дванаесеттемина во Бетанија. Утредента, кога излегуваа од Бетанија, Исус огладне. Од далечина забележа една разлистена смоква крај патот и се упати кон неа да види дали има плодови. Кога дојде, не најде плодови, туку само лисје, зашто сe уште не беше време за смокви. Исус му се обрати на дрвото: „Од тебе никој веќе никогаш да не јаде плодови!“ Ова го слушнаа Неговите ученици. Исус и Неговите ученици дојдоа пак во Ерусалим. Влегувајќи во Божјиот храм, Исус почна да ги отстранува сите луѓе кои во храмот вршеа купопродажби. Им ги испреврте масите на менувачите на пари и тезгите на оние што продаваа гулаби. Не дозволи никој ништо да пренесува низ храмот. Потоа ги поучуваше, велејќи: „Зар Бог во Светото Писмо не ви напиша: ,Мојот храм нека биде место за молитва на сите народи!?‘ А вие го претворивте во разбојничко дувло!“ Ова им дојде до ушите на свештеничките поглавари и на вероучителите кои почнаа да планираат како да Го убијат Исуса. Тие се плашеа од Него, бидејќи целиот народ беше одушевен од Неговите поуки. Кога се стемни, Исус и Неговите ученици се повлекоа од градот. Рано изутрината, минувајќи крај смоквата, учениците на Исус забележаа дека таа од корен се исушила. Тогаш Петар се сети на случката и Му рече на Исус: „Погледни, Учителе! Смоквата што Ти ја проколна се исушила!“ Исус им рече: „Имајте вера во Бог! Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи. Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера. Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.“ (Но ако не им простувате на другите, и Бог вам нема да ви прости.) Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“ Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова. Кажете ми, од каде му беше овластувањето на Јован Крстител да крштава: од Бога или од луѓето?“ Тие почнаа меѓу себе да си шепотат вака: Ако речеме „од Бога“, тогаш ќе ни рече: „Ами, зошто не му поверувавте!?“ Ако пак речеме „од луѓето“, се плашиме од народот, зашто сиот народ го смета Јована за пророк. Затоа вака Му одговорија на Исус: „Не знаеме!“ Но Исус им рече: „Тогаш ни Јас нема да ви кажам со какво право го вршам сето ова!“

Марко 11:1-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, Исус испрати двајца Свои ученици и им рече: „Одете во селоно што е пред вас и штом ќе влезете ќе најдете врзано осле, на кое уште никој од луѓето не седел. Одврзете го и доведете го! И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.“ И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа. А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?“ А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите. А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име! Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“ И влезе во Ерусалим, во Храмот, и штом разгледа сѐ - бидејќи веќе беше доцна - излезе со Дванаесетмината во Витанија. А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И одда-леку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и ѝ рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“ А Неговите ученици слушаа. И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучу-ваше, велејќи им: „Не е ли напи-шано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!“ А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука. А навечер излегуваше од градот. А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен. А Петар се сети и Му рече: „Учи-теле, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!“ Исус одговори и им рече: “Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го при-мивте, и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови. Ако пак вие не проштавате, и вашиот Татко, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите гревови.“ И дојдоа пак во Ерусалим, и кога одеше низ Храмот, дојдоа при Него главните свештеници, книж-ниците и старешините, и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?“ А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!“ А тие размислуваа меѓу себе: „Ако кажеме од небото, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му поверувавте?’ Но, ако речеме од луѓето?’ Се боеја од народот, зашто сите сметаа дека Јован беше навистина пророк. Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.“