Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 11:1-33

МАРКО 11:1-33 MKB

И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, Исус испрати двајца Свои ученици и им рече: „Одете во селоно што е пред вас и штом ќе влезете ќе најдете врзано осле, на кое уште никој од луѓето не седел. Одврзете го и доведете го! И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.“ И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа. А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?“ А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите. А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име! Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“ И влезе во Ерусалим, во Храмот, и штом разгледа сѐ - бидејќи веќе беше доцна - излезе со Дванаесетмината во Витанија. А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И одда-леку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и ѝ рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“ А Неговите ученици слушаа. И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучу-ваше, велејќи им: „Не е ли напи-шано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!“ А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука. А навечер излегуваше од градот. А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен. А Петар се сети и Му рече: „Учи-теле, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!“ Исус одговори и им рече: “Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го при-мивте, и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови. Ако пак вие не проштавате, и вашиот Татко, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите гревови.“ И дојдоа пак во Ерусалим, и кога одеше низ Храмот, дојдоа при Него главните свештеници, книж-ниците и старешините, и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?“ А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!“ А тие размислуваа меѓу себе: „Ако кажеме од небото, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му поверувавте?’ Но, ако речеме од луѓето?’ Се боеја од народот, зашто сите сметаа дека Јован беше навистина пророк. Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.“