Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 9:18-38

Матеј 9:18-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Додека Исус говореше, еден еврејски началник на синагогата дојде кај Него, клекна на колена и Му рече: „Тукушто ми умре ќерката; дојди и положи ја Својата рака врз неа и таа ќе се поврати во живот!“ Исус стана и тргна по него, заедно со Своите ученици. А една жена, која дванаесет години боледувала од незапирливо крвавење, Му се приближи на Исуса одзади и допре едно крајче од Неговата облека, бидејќи во себе си велеше: „Само да ја допрам Неговата облека и ќе оздравам!“ Исус се сврте, ја погледна и ђ рече: „Не плаши се, ќерко, ти оздраве врз основа на твојата вера.“ Во истиот миг, жената оздраве. Потоа, Исус пристигна во куќата на началникот. Кога ги виде погребните музичари и избезумените луѓе, им рече: „Тргнете се, зашто девојката не е мртва, туку спие!“ А тие Му се подбиваа. Кога луѓето излегоа надвор, Исус влезе, ја фати девојката за рака и таа стана. За ова чудо се разгласи по целиот крај. Кога Исус си заминуваше оттаму, по Него идеа двајца слепи, викајќи на сиот глас: „Смилувај ни се, сине Давидов!“ Кога влезе во куќата, двајцата слепи Му пристапија, а Исус ги запраша: „Верувате ли дека можам да ве излекувам и да прогледате?“ Тие Му одговорија: „Да, Господе!“ Тогаш Тој им ги допре очите и им рече: „Нека ви биде според вашата вера!“ И тие наеднаш прогледаа. А Исус најстрого им забрани никому да не му кажуваат за ова. Но кога тие си заминаа раширија глас за Него по целиот крај. Додека тие си заминуваа, на Исус Му донесоа еден нем човек, кој беше обземен од демонски дух. Штом Исус го ослободи од демонскиот дух, човекот проговори; сите се чудеа и зборуваа: „Вакво нешто досега не сме виделе во Израел!“ А фарисеите, пак, велеа: „Тој изгонува демони затоа што поглаварот на демоните е во Него!“ Исус одеше по сите градови и села и поучуваше по синагогите, ја проповедаше Радосната вест за Божјото царство и исцелуваше луѓе со секакви болести и заболувања. Гледајќи го народот, душата му беше полна со сочувство, бидејќи луѓето беа збунети и беспомошни како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а жетвари има малку. Молете Го Господ во Чија надлежност е жетвата, да испрати повеќе жетвари да ја соберат жетвата од Неговата нива.“

Матеј 9:18-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; и ете, една жена, која беше стра­да­ла дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. Зашто си велеше: „Само ако се до­п­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. И кога дојде Исус во куќата на на­чалникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на. И се расчу тоа по целиот тој крај. А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“ И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја. Додека тие излегуваа, ете, кај Него еден човек нем и бесомачен. По изгонувањето на демонот, не­миот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израел.“ А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните со силата на начал­ни­кот на демоните.“ И одеше Исус по сите градови и се­ла и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот. А штом виде многу народ, се со­жа­ли, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку. Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“

Матеј 9:18-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.“ И Исус стана и го следеше, со Своите ученици. И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека. Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.“ А Исус се сврте, ја виде и ѝ рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.“ И жената беше исцелена од тој час. И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика, и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.“ И тие Му се потсмевнуваа. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја. И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!“ А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.“ И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!“ А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја. Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон. Откако демонот беше изгонет, немиот проговори. И мноштвата восхитени, зборуваа: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел!“ А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку владетелот на демоните.“ И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето. А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку, молете Го тогаш Господарот на жетвата да испрати работници во Својата жетва.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност