Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 9

9
Исцелување на фатен
1И откако влезе во коработ, премина и дојде во Својот град. И ете, Му донесоа фатен, кој лежеше на постела. 2А кога Исус ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Охрабри се, синко. Ти се простуваат твоите гревови.“ 3И ете, некои од книжниците си рекоа во себеси: „Овој богохулствува.“ 4А Исус, знаејќи ги нивните мисли, рече: „Зошто мислите зло во вашите срца? 5Па што е полесно да се рече: ‘Ти се проштаваат гревовите’, или да се рече: ‘Стани и оди?’ 6Но, за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови, тогаш му рече на фатениот: „Стани, подигни си ја постелата и оди си дома.“ 7И стана и си отиде дома. 8А народот, кога го виде тоа, се исплаши и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.
Повикување на Матеј
9А кога Исус си одеше оттаму виде еден човек, по име Матеј, како седи при митницата, и му рече: „Следи Ме!“ Тој стана и Го следеше. 10И се случи, откако седна Тој на трпезата во куќата, ете, многу цариници и грешници дојдоа и седнаа со Исуса, и со Неговите ученици. 11Штом фарисеите го видоа тоа, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто вашиот Учител јаде со цариниците и грешниците?“ 12А Тој, кога го чу тоа, рече: „На здравите не им треба лекар, туку на болните! 13Но, одете и научете што значи: ‘Милост сакам, а не жртви’; зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“
14Тогаш Јовановите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат?“ 15А Исус им рече: „Можат ли сватовите да жалат, додека е младоженецот со нив? Но, ќе дојдат дни кога ќе им се одземе младо-женецот; и тогаш ќе постат. 16Никој не става крпа од ново сукно на стара облека, зашто крпежот ќе кине од облеката и скинатото станува полошо. 17Ниту ново вино се налева во стари мевови; инаку мевовите се кинат, виното истечува и мевовите пропаѓаат. Туку ново вино се налева во нови мевови, па се запазуваат и двете заедно.“
Воскреснување на Јаировата ќер-ка и исцелување на жената со крвотечение
18Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.“ 19И Исус стана и го следеше, со Своите ученици. 20И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека. 21Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.“ 22А Исус се сврте, ја виде и ѝ рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.“ И жената беше исцелена од тој час. 23И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика, 24и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.“ И тие Му се потсмевнуваа. 25Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана. 26И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.
Исцелување на двајца слепи
27И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!“ 28А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Му рекоа: „Да, Господи!“ 29Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.“ 30И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!“ 31А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја.
Исцелување на нем и бесен човек
32Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон. 33Откако демонот беше изгонет, немиот проговори. И мноштвата восхитени, зборуваа: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел!“ 34А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку владетелот на демоните.“
35И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето. 36А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир. 37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку, 38молете Го тогаш Господарот на жетвата да испрати работници во Својата жетва.“

Селектирано:

МАТЕЈ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се