Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 9:18-31

Матеј 9:18-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Додека Исус говореше, еден еврејски началник на синагогата дојде кај Него, клекна на колена и Му рече: „Тукушто ми умре ќерката; дојди и положи ја Својата рака врз неа и таа ќе се поврати во живот!“ Исус стана и тргна по него, заедно со Своите ученици. А една жена, која дванаесет години боледувала од незапирливо крвавење, Му се приближи на Исуса одзади и допре едно крајче од Неговата облека, бидејќи во себе си велеше: „Само да ја допрам Неговата облека и ќе оздравам!“ Исус се сврте, ја погледна и ђ рече: „Не плаши се, ќерко, ти оздраве врз основа на твојата вера.“ Во истиот миг, жената оздраве. Потоа, Исус пристигна во куќата на началникот. Кога ги виде погребните музичари и избезумените луѓе, им рече: „Тргнете се, зашто девојката не е мртва, туку спие!“ А тие Му се подбиваа. Кога луѓето излегоа надвор, Исус влезе, ја фати девојката за рака и таа стана. За ова чудо се разгласи по целиот крај. Кога Исус си заминуваше оттаму, по Него идеа двајца слепи, викајќи на сиот глас: „Смилувај ни се, сине Давидов!“ Кога влезе во куќата, двајцата слепи Му пристапија, а Исус ги запраша: „Верувате ли дека можам да ве излекувам и да прогледате?“ Тие Му одговорија: „Да, Господе!“ Тогаш Тој им ги допре очите и им рече: „Нека ви биде според вашата вера!“ И тие наеднаш прогледаа. А Исус најстрого им забрани никому да не му кажуваат за ова. Но кога тие си заминаа раширија глас за Него по целиот крај.

Матеј 9:18-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; и ете, една жена, која беше стра­да­ла дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. Зашто си велеше: „Само ако се до­п­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. И кога дојде Исус во куќата на на­чалникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на. И се расчу тоа по целиот тој крај. А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“ И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.

Матеј 9:18-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.“ И Исус стана и го следеше, со Своите ученици. И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека. Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.“ А Исус се сврте, ја виде и ѝ рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.“ И жената беше исцелена од тој час. И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика, и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.“ И тие Му се потсмевнуваа. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја. И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!“ А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.“ И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!“ А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја.