Лука 22:1-10
Лука 22:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Се приближуваше празникот на бесквасни лебови, познат како Пасха. Свештеничките поглавари и вероучителите настојуваа да најдат начин да Го убијат Исуса, но се плашеа од бунт меѓу народот. Тогаш Сатаната влезе во Јуда наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса. Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа. Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу. Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“ А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата? Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе
Лука 22:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Дванаесетте. И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде. Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници. Тој вети и бараше згоден час, да им Го предаде без знаење на народот. Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне; па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пасха, за да јадеме!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе
Лука 22:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха. Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот. Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариот-ски, еден од бројот на Дванаесет-мината. Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го пре-даде. И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници. И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот. И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасха-та!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе