Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:1-10

Лука 22:1-10 MNT

Се приближуваше празникот на бесквасни лебови, познат како Пасха. Свештеничките поглавари и вероучителите настојуваа да најдат начин да Го убијат Исуса, но се плашеа од бунт меѓу народот. Тогаш Сатаната влезе во Јуда наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса. Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа. Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу. Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“ А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата? Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе