Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 22:1-10

ЛУКА 22:1-10 MKB

А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха. Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот. Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариот-ски, еден од бројот на Дванаесет-мината. Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го пре-даде. И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници. И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот. И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасха-та!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе