Лука 18:18-30
Лука 18:18-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“ Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг. Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“ Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“ Слушајќи го ова, Исус му рече: „Ти недостасува уште само една работа: продај сe што имаш, раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатства на небото. Потоа, дојди и биди Мој следбеник.“ Кога го чу ова, човекот се разочара, зашто беше многу богат. Забележувајќи дека човекот се разочара, Исус рече: „Колку е тешко богат човек да влезе во Божјото царство! Полесно ќе се спровре камила низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“ Тие што Го слушаа, Го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ Исус им одговори: „Тоа што не можат да го сторат луѓето, може да го стори Бог.“ Тогаш Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe што имавме и станавме Твои следбеници!“ Исус одговори: „Ве уверувам дека секој што оставил куќа, жена, браќа, родители или деца заради Божјото царство, ќе добие многу повеќе, уште на овој свет, а и вечен живот на идниот свет!“
Лука 18:18-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ А Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“ А тој рече: „Сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“ Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство! Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ А Тој одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.“ Петар, пак, рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе.“ Тој им рече: „Вистина ви велам дека секој што оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, добил многу повеќе од тоа уште сега, во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“
Лука 18:18-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И еден началник го праша, велејќи: „Учителе добар, што треба да направам за да наследам вечен живот?“ А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: „Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татка си и мајка си!“ Тој пак рече: „Сето тоа го запазив од мојата младост!“ А кога Исус го чу тоа, му рече: „Уште едно не ти достига: продај сѐ што имаш, и раздај го на бедните и ќе имаш сокровиште на небесата! Тогаш, дојди и следи Ме!“ Кога го чу тоа се нажали мошне, зашто беше многу богат. А кога Исус го виде таков, рече: „Колку тешко ќе влезат во Божјото Царство, оние, кои имаат богатство. Полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.“ А оние, кои чуја, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Тој пак рече: „Што им е невозможно на луѓето, тоа е можно на Бога.“ А Петар рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе!“ Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој што заради Божјото Царство оставил: куќа или жена или браќа, или родители или деца, а кој не ќе прими многу повеќе во ова време, а во идниот век - вечен живот.“