И еден началник го праша, велејќи: „Учителе добар, што треба да направам за да наследам вечен живот?“ А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: „Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татка си и мајка си!“ Тој пак рече: „Сето тоа го запазив од мојата младост!“ А кога Исус го чу тоа, му рече: „Уште едно не ти достига: продај сѐ што имаш, и раздај го на бедните и ќе имаш сокровиште на небесата! Тогаш, дојди и следи Ме!“ Кога го чу тоа се нажали мошне, зашто беше многу богат. А кога Исус го виде таков, рече: „Колку тешко ќе влезат во Божјото Царство, оние, кои имаат богатство. Полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.“ А оние, кои чуја, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Тој пак рече: „Што им е невозможно на луѓето, тоа е можно на Бога.“ А Петар рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе!“ Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој што заради Божјото Царство оставил: куќа или жена или браќа, или родители или деца, а кој не ќе прими многу повеќе во ова време, а во идниот век - вечен живот.“
Прочитај ЛУКА 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 18:18-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа