Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“ Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг. Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“ Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“ Слушајќи го ова, Исус му рече: „Ти недостасува уште само една работа: продај сe што имаш, раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатства на небото. Потоа, дојди и биди Мој следбеник.“ Кога го чу ова, човекот се разочара, зашто беше многу богат. Забележувајќи дека човекот се разочара, Исус рече: „Колку е тешко богат човек да влезе во Божјото царство! Полесно ќе се спровре камила низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“ Тие што Го слушаа, Го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ Исус им одговори: „Тоа што не можат да го сторат луѓето, може да го стори Бог.“ Тогаш Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe што имавме и станавме Твои следбеници!“ Исус одговори: „Ве уверувам дека секој што оставил куќа, жена, браќа, родители или деца заради Божјото царство, ќе добие многу повеќе, уште на овој свет, а и вечен живот на идниот свет!“
Прочитај Лука 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 18:18-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа