Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:11-31

Лука 15:11-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И рече: „Еден човек имаше два си­на. Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘ Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат. А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици. И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое

Лука 15:11-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот. По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘ Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата. Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘ Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘ Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое.

Лука 15:11-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И рече: „Некој човек имаше два сина. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот. А по неколку дена помладиот син собра сѐ свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. Кога потро-ши сѐ, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност. И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите. И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука! Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’ И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат. А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; па повика еден од слугите и го праша што е тоа. А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сѐ што е мое - е твое