И рече: „Некој човек имаше два сина. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот. А по неколку дена помладиот син собра сѐ свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. Кога потро-ши сѐ, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност. И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите. И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука! Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’ И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат. А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; па повика еден од слугите и го праша што е тоа. А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сѐ што е мое - е твое