Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 14:25-34

Лука 14:25-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По Исус врвеше голема толпа луѓе и Тој им се обрати со зборовите: „Никој не може да дојде кај Мене и да стане Мој ученик, ако не Ме сака повеќе од татка си, мајка си, жената, децата, браќата и сестрите, па и од својот сопствен живот! Кој не го носи својот крст и не оди по Моите стапки - не може да биде Мој ученик. Кога некој од вас сака да изгради кула, не седнува ли прво да пресмета дали ќе има доволно пари да ја заврши градбата? Во спротивно, може да започне со темелите и да заклучи дека не може да продолжи, па сите што ќе видат ќе му се подбиваат, велејќи: ,Овој човек почнал да ѕида нешто што не може да го доврши!‘ Кога некој цар се готви за војна против друг цар, не седнува ли најпрво да се преиспита, дали со своите десет илјади војници ќе може да му се противстави на оној што го напаѓа со дваесет илјади војници? Ако заклучи дека не може, тој ќе испрати гласници уште додека другиот цар е далеку, и ќе моли за примирје. Значи, никој не може да стане Мој ученик додека не Ме стави Мене пред сe друго што има.“ „Солта е добра, но ако таа стане блутава, со што ќе се осоли?

Лука 14:25-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик. И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник. Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довр­шу­вање? Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најна­пред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади? Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир. Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“ „Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли?

Лука 14:25-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога големо множество одеше со него, Тој се заврти и им рече: “Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази: татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик. Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик. Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши? И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи: ’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’ “Или, кој цар, кога оди на војна против друг цар, прво не ќе седне да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној, кој иде против него со дваесет илјади? Ако не може, испраќа пратеници додека е оној уште далеку и ќе моли за мир. Имено така, ако некој од вас не се одрече од сѐ што има, не може да биде Мој ученик. Солта е добра; но ако солта облутави, со што ќе се поправи?

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност