Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик. И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик. Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довршување? Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади? Ако не може, додека е другиот уште далеку, ќе прати пратеници и ќе моли за мир. Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“ „Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли?
Прочитај Лука 14
Слушај Лука 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 14:25-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа