Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:30-37

Лука 10:30-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Исус му одговори вака: “Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов. Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина. Истото се повтори кога тука помина и еден Левит: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина. Потоа намина еден Самарјанец, му пријде и кога го виде, му стана жал; па му ги исчисти раните со масло и вино и му ги преврза. Потоа го качи на своето добиче, го однесе до најблиската гостилница и го смести. Утредента, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Погрижи се за него и ако потрошиш повеќе - ќе ти доплатам кога ќе се вратам!“ Потоа, Исус праша: „Што мислиш, кој од овие тројца се покажал како ближен за настраданиот од разбојниците?“ „Оној што бил љубезен спрема него!“ - одговори учителот на Законот. Тогаш Исус му рече: „Оди и ти постапувај така!“

Лука 10:30-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гос­тил­ни­ча­рот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што пад­на во рацете на разбојниците?“ А тој одговори: „Оној што му ис­ка­жа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“

Лука 10:30-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна. Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.“ Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?“ Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така.“