Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:30-37

Лука 10:30-37 MNT

Исус му одговори вака: “Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов. Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина. Истото се повтори кога тука помина и еден Левит: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина. Потоа намина еден Самарјанец, му пријде и кога го виде, му стана жал; па му ги исчисти раните со масло и вино и му ги преврза. Потоа го качи на своето добиче, го однесе до најблиската гостилница и го смести. Утредента, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: „Погрижи се за него и ако потрошиш повеќе - ќе ти доплатам кога ќе се вратам!“ Потоа, Исус праша: „Што мислиш, кој од овие тројца се покажал како ближен за настраданиот од разбојниците?“ „Оној што бил љубезен спрема него!“ - одговори учителот на Законот. Тогаш Исус му рече: „Оди и ти постапувај така!“

Video for Лука 10:30-37

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 10:30-37