Исус му одговори и рече: „Еден човек, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?“ А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
Прочитај Лука 10
Слушај Лука 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 10:30-37
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа