Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6:8-13

Левитска 6:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Свештеникот нека земе грст од лебниот принос и од пченичното брашно и од маслото и сиот темјан, што е врз жртвата, и нека го изгори тоа на жрт­веникот како спомен за благопријатен мирис пред Господ. А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арон и на си­новите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на собранието нека го јадат. Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголема светиња како жртвата за грев и жртвата за престап. Секое машко меѓу синовите Аро­нови нека јаде од неа. Тоа е вечен дел за потомството нивно од приносите на Господ; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.“ И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде пома­зан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за наве­чер.

Левитска 6:8-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече уште на Мојсеја: „Нареди им на Арона и на неговите синови: обредот за жртва паленица е ваков: жртвата паленица нека остане на жарта во жртвеникот цела ноќ до утрото; и оган нека гори непрекратно на жртвеникот. Свештеникот нека облече врз себе ленена кошула, нека навлече ленени гаќи врз своето тело; потоа нека ја собере пепелта во што огнот ја претвори паленицата на жртвеникот, и нека ја остави покрај жртвеникот. Потоа нека ја соблече својата облека и нека облече друга, па нека ја однесе пепелта на чисто место надвор од логорот. Огнот на жртвеникот треба да гори секогаш; не смее да гасне. Секое утро, свештеникот нека реди дрва и тогаш нека ја положи жртвата паленица врз него. Таму нека го изгорува лојот од помирителната жртва. Огнот на жртвеникот нека гори непрекратно; нека не гасне.“