Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 6

6
Прописи за свештениците
Жртва сепаленица
1И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2„Заповедај му на Арон и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жртви сепаленици – жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот. 3#2 Мојс 28,39-43; 39,27Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нека ја стави покрај жртвеникот. 4#4,12А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пе­пелта надвор од логорот на чисто место. 5#2 Мојс 29,13А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свеш­те­никот нека потпалува врз него дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за мир. 6Огнот да гори постојано на жртве­никот, нека не се гасне.
Лебен принос
7 # 2,1-16; 4 Мојс 6,15; 15,4; 28,13 Ова е законот за лебниот принос, што ќе го принесуваат синовите Ароно­ви пред Господ при жртвеникот. 8Свештеникот нека земе грст од лебниот принос и од пченичното брашно и од маслото и сиот темјан, што е врз жртвата, и нека го изгори тоа на жрт­веникот како спомен за благопријатен мирис пред Господ. 9#2 Мојс 27,9; 4 Мојс 18,10; Ез 44,29А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арон и на си­новите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на собранието нека го јадат. 10#2 Мојс 29,28; 40,10; 4 Мојс 5,9Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголема светиња како жртвата за грев и жртвата за престап. 11#1 Мојс 9,12; 2 Мојс 30,29; 4 Мојс 18,9-10Секое машко меѓу синовите Аро­нови нека јаде од неа. Тоа е вечен дел за потомството нивно од приносите на Господ; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.“ 12И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 13#8,1-36; 2 Мојс 28,41; 30,10„Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде пома­зан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за наве­чер. 14Жртвата треба да се приготвува во тава, со масло; натопена во масло и на парчиња принесувај ја, онака како што се дели на парчиња лебниот принос; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господ. 15И свештеникот меѓу синовите него­ви, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон на Гос­под. Сета жртва треба да се изгори. 16И секој свештенички лебен принос треба целиот да се гори, и да не се јаде.“
Жртва поради грев
17И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 18„Кажи му на Арон и на синовите негови, и речи им: ова е закон за жртвата поради грев – на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господ, бидејќи тоа е најголема светиња. 19#2 Мојс 27,9Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето место нека ја јаде, во дворот од скинијата на собранието. 20#Агеј; 2,11-12Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место. 21И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие и со вода нека се измие. 22Секое машко од свештенички род нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња. 23#4,5.16А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на собранието, за да се изврши очистување во свети­лиштето, да не се јаде; таа треба да се изгори.“

Селектирано:

Левитска 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност