Свештеникот нека земе грст од лебниот принос и од пченичното брашно и од маслото и сиот темјан, што е врз жртвата, и нека го изгори тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господ. А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арон и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на собранието нека го јадат. Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголема светиња како жртвата за грев и жртвата за престап. Секое машко меѓу синовите Аронови нека јаде од неа. Тоа е вечен дел за потомството нивно од приносите на Господ; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.“ И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде помазан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
Прочитај Левитска 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Левитска 6:8-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа