Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 5:14-19

Левитска 5:14-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Ако некој направи престап, па згреши не сакајќи во работите посве­тени на Господ, нека Му принесе дар на Господ за престапот свој овен без недостаток од стадото, по твоја проценка, со определена вредност во сребрени шекели, според свештениот шекел, како жртва за вина. И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа нека додаде уште една петина, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прос­ти. Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев. Нека му доведе на свештеникот како жртва за вина здрав овен од стадото, според твоја проценка, а свеш­те­ни­кот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, и ќе му се прости. Тоа е жртва за вина: виновен е пред Господ.“

Левитска 5:14-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И уште му рече Господ на Мојсеја: „Ако некој направи престап, огрешувајќи се на несакање во однос на Господовите свети работи, нека Му принесе на Господа, од своето стадо овци - овен без недостаток, што чини, според твојата процена, најмалку два сикла сребро, според цената на храмскиот сикал, како жртва за престап. Нека надомести колку што згрешил во однос на светите работи и нека додаде уште петина кон тоа, и нека му го даде на свештеникот сѐ тоа; и свештеникот ќе направи да му биде покриен гревот со овенот на жртвата за престап, и ќе му биде простено.“ „Ако некој и не знаејќи згреши и стори нешто што Господ забранил, виновен е, и нека ги носи последиците од својата кривица. Нека му донесе на свештеникот, како жртва за престап, од своето стадо: овен без порок, според твоја процена; и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот прекршок, што го направил во незнаење, и ќе му биде простено. Тоа е жртва за престап, со кој згрешил пред Господа.“