Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Ако некој направи престап, па згреши не сакајќи во работите посветени на Господ, нека Му принесе дар на Господ за престапот свој овен без недостаток од стадото, по твоја проценка, со определена вредност во сребрени шекели, според свештениот шекел, како жртва за вина. И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа нека додаде уште една петина, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прости. Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев. Нека му доведе на свештеникот како жртва за вина здрав овен од стадото, според твоја проценка, а свештеникот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, и ќе му се прости. Тоа е жртва за вина: виновен е пред Господ.“
Прочитај Левитска 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Левитска 5:14-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа