Исус Навин 4:20-24
Исус Навин 4:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Гилгал и им рече на синовите Израелови: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘ кажете им на вашите синови: Израел го помина Јордан по суво. Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавме, за да видат сите народи на земјата дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, секогаш.“
Исус Навин 4:20-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А оние дванаесет камења што ги зедоа со себе од Јордан, Исус ги постави во Галгал. Тогаш им рече на Израелците: „Ако вашите потомци ги прашаат еден ден своите татковци: ‘Што значи ова камење?’ - Вие поучете ги вака: ‘Израел тука помина по суво преку Јордан,’ зашто Господ, вашиот Бог, ја пресуши пред вас водата на Јордан додека не поминавте, како што направи вашиот Бог Господ со Црвеното Море, кога го пресуши пред нас додека не поминавме. А сѐ тоа за да знаат сите народи на земјата колку е моќна Господовата рака, и за да се боите вие самите секогаш од Господа, својот Бог.“