Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 4

4
4. Дванаесет камења од Јордан и дванаесет камења во Јордан
1Откако сиот народ помина преку Јордан, Господ му рече на Исуса: 2“Изберете од народот дванаесет луѓе, од секое племе по еден, 3и заповедајте им: ‘Дигнете оттука, од средината на Јордан - од местата каде што стојат нозете на свештениците - дванаесет камења, кои ќе ги носите со себеси и ќе ги положите на местото каде што ќе преноќевате ноќеска.’“ 4Тогаш Исус повика дванаесет луѓе, кои ги имаше избрано меѓу Израелевите синови, од секое племе по еден човек, 5и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња. 6Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’ 7Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.“
8Израелците направија како што им заповеда Исус, зедоа дванаесет камења од средината на Јордан, според бројот на Израелевите племиња, како што Господ му нареди на Исуса: ги однесоа до своето ноќевалиште и ги положија таму. 9Потоа Исус постави дванаесет камења среде Јордан, на местото каде што стоеја нозете на свештениците, кои го носеа Ковчегот на Заветот. Таму стојат и денес. 10Свештениците, кои го носеа Ковчегот, стоеја среде Јордан, сѐ додека не беше извршено сѐ што Господ му заповеда на Исуса да направи народот, сосем онака како што Мојсеј му беше наредил на Исуса. А сиот народ преминуваше брзо. 11Откако помина сиот народ, преминаа и свештениците со Господовиот Ковчег на Господовиот Завет и тргнаа пред народот. 12Тогаш Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе, во бојна опрема, застанаа на чело на Израелевите синови, како што им беше заповедал Мојсеј. 13Околу четириесет илјади вооружени луѓе поминаа пред Господа за да се борат на Ерихонските Полиња. 14Во тој ден Господ го возвиши Исуса пред сиот Израел, и сите се боеја од него, како некогаш од Мојсеја, во сите денови на неговиот живот.
5. Окончување на пребродувањето
15Господ му рече на Исуса: 16“Заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, да излезат од Јордан.“ 17Тогаш Исус им заповеда на свештениците: „Излезете од Јордан!“ 18А штом свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, излегоа од средината на Јордан и стапнаа со нозете на суво, водите на Јордан се вратија на своето место и почнаа да течат како и порано преку своите брегови.
6. Значење на дванаесетте камења
19Народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец. Тогаш се настанија во Галгал, источно од Ерихон. 20А оние дванаесет камења што ги зедоа со себе од Јордан, Исус ги постави во Галгал. 21Тогаш им рече на Израелците: „Ако вашите потомци ги прашаат еден ден своите татковци: ‘Што значи ова камење?’ - 22Вие поучете ги вака: ‘Израел тука помина по суво преку Јордан,’ 23зашто Господ, вашиот Бог, ја пресуши пред вас водата на Јордан додека не поминавте, како што направи вашиот Бог Господ со Црвеното Море, кога го пресуши пред нас додека не поминавме. 24А сѐ тоа за да знаат сите народи на земјата колку е моќна Господовата рака, и за да се боите вие самите секогаш од Господа, својот Бог.“

Селектирано:

ИСУС НАВИН 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се