И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Гилгал и им рече на синовите Израелови: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘ кажете им на вашите синови: Израел го помина Јордан по суво. Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавме, за да видат сите народи на земјата дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, секогаш.“
Прочитај Исус Навин 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исус Навин 4:20-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа