Јов 38:4-11
Јов 38:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата? – кажи, ако знаеш. Кој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа? Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен, кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост? Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба; кога облаците ги направив негова облека и маглата – негова повивка; кога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата; кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘
Јов 38:4-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Каде беше кога ја основав земјата, кажувај, ако знаеш! Знаеш ли кој ѝ ги одреди мерките и кој го оптегна измерувачкото јаже над неа? На што и почиваат основите? Кој ѝ постави крајаголен камен, додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани? Кој го затвори морето со врати, кога заизвори од мајчиното крило, кога го облеков со облак како со облека и кога го завиткав со густа магла како со пелени; кога ја одредив неговата меѓа, ставив врати со лостови? Дотаму, не подалеку, му реков нему, тука нека се крши гордоста на твоите бранови!“