Јов 38
38
1 #
9,17; 40,6 Тогаш Господ му одговори на Јов од бурата и рече: 2#42,3„Кој е тој што го замрачува Провидението со зборови без смисла? 3#40,7Препашај ја сега половината своја како маж, Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми:
Бог, господар на природата
4 #
15,7; 26,7 Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата? – кажи, ако знаеш. 5#Зах 1,16; 2,5Кој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа? 6#Пс 104,5Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен, 7кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост? 8#Изреки 8,29Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба; 9#26,8кога облаците ги направив негова облека и маглата – негова повивка; 10#Пс 104,9кога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата; 11кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘ 12#9,7; Пс 74,16Си му давал ли ти некогаш во животот свој заповед на утрото и си ѝ го посочувал ли на зората местото нејзино, 13за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбожниците, 14за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека, 15#18,5-6да се одземе од беззакониците светлината нивна и да се скрши издигнатата рака нивна? 16#Пс; 104,10-13Си слегувал ли во длабочината морска и си влегувал ли да ја испитуваш бездната? 17#Пс 139,8-11Се отворале ли пред тебе вратите на смртта; си ја видел ли ти вратата на смртната сенка? 18#Ис 40,12Си ја разгледал ли ширината на земјата? Кажи го, ако го знаеш сето тоа. 19#Пс; 104,19-24Каде е патот кон живеалиштето на светлината и каде е местото на темнината, 20за да стигнеш до границите нејзини и да ги знаеш патеките до домот нејзин? 21#15,7Ти го знаеш тоа, зошто тогаш беше веќе роден и бројот на дните твои е мошне голем! 22#37,6; 2 Мојс 9,18-26; Ис.Н. 10,11; Ис 28,17; 30,30Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот, 23што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна? 24#2 Мојс 14,21; Пс 48,7; 139,7-9По кој пат се разлева светлината и се разнесува источниот ветар по земјата? 25#Пс 65,9-10Кој ги отвора потоците за изливање на водата и патот за громоносните светкавици, 26за да паѓа дожд врз земјата без луѓе, врз пустината, каде што нема човек; 27за да ја заситува пустината и степата и да ги разбудува зелените 'ркулци да никнуваат? 28#Пс; 147,16-17Има ли дождот татко? Или кој ги раѓа капките на росата? 29Од чија утроба излегува мразот; и кој ја раѓа небеската слана? 30Водите како камен да се зацврстуваат, и површината на бездната да замрзнува. 31#9,9; Амос 5,8Можеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион? 32Можеш ли да ја изведуваш Деница во времето нејзино и да ја водиш Големата Мечка со нејзините малечки? 33#Ер 31,35; Пс 148,6Ги знаеш ли законите на небото, можеш ли да уредиш тоа да владее над земјата? 34#36,27-28Можеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно водата? 35#36,32Можеш ли да испраќаш молњи, и штом тргнат, да ти речат: ‚еве нѐ?‘ 36Кој вложи мудрост во срцето, и кој му даде смисла на разумот? 37#28,25-26Кој може да ги преброи облаците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото, 38#Пс 65,10кога правот се претвора во кал и грутките се слепуваат?
Господар на животинскиот свет
39 #
Пс 104,21
Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата, 40кога тие лежат во леглата или почиваат под сенка во заседа? 41#Пс 147,9Кој ѝ ја приготвува храната на враната кога пиленцата нејзини, скитајќи без храна, викаат кон Бога?“
Селектирано:
Јов 38: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006