Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:60-71

Јован 6:60-71 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слу-ша?“ Бидејќи Исус знаеше во Себе дека Неговите ученици негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А ако Го видите Човечкиот Син да се вознесува горе - каде што бил порано? Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот. Но има некои од вас, кои не веруваат. „Зашто Исус знаеше од почеток кои не веруваат и кој ќе Го предаде. И рече: „Затоа ви реков, дека никој не може да дојде при Мене, ако не му е дадено од Мојот Татко.“ Оттогаш мнозина од Неговите ученици се вратија и не одеа веќе со Него. А Исус им рече на Дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“ Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот. Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“ Исус им одго-вори: „Зар не ве избрав Јас - Дванаесетмината? Но еден од вас е ѓавол.“ А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, еден од Дванаесетте, сакаше да Го предаде.

Јован 6:60-71 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“ Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!? А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!? Духот е Тој што дава живот, а не човечкото тело. Зборовите што ви ги кажав се од тој животодавен Дух. Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде. Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“ Од тој момент многумина од Неговите ученици Го напуштија и престанаа да одат со Него. Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“. Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот! Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“ Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“ Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.

Јован 6:60-71 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. И рече: „Затоа ви зборувам дека ни­кој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. Тогаш им рече Исус на дванаесет­те: „Да не сакате и вие да си отидете?“ А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“ Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол.“ А зборуваше за Јуда Симонов Иска­риот, зашто тој, како еден од дванаесет­те, сакаше да Го предаде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност