Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 6:60-71

ЈОВАН 6:60-71 MKB

Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слу-ша?“ Бидејќи Исус знаеше во Себе дека Неговите ученици негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А ако Го видите Човечкиот Син да се вознесува горе - каде што бил порано? Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот. Но има некои од вас, кои не веруваат. „Зашто Исус знаеше од почеток кои не веруваат и кој ќе Го предаде. И рече: „Затоа ви реков, дека никој не може да дојде при Мене, ако не му е дадено од Мојот Татко.“ Оттогаш мнозина од Неговите ученици се вратија и не одеа веќе со Него. А Исус им рече на Дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“ Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот. Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“ Исус им одго-вори: „Зар не ве избрав Јас - Дванаесетмината? Но еден од вас е ѓавол.“ А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, еден од Дванаесетте, сакаше да Го предаде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност