Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Човечки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. Но има меѓу вас и некои што не веруваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. Тогаш им рече Исус на дванаесетте: „Да не сакате и вие да си отидете?“ А Симон Петар Му одговори: „Господи, кај кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот, и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“ Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓавол.“ А зборуваше за Јуда Симонов Искариот, зашто тој, како еден од дванаесетте, сакаше да Го предаде.
Прочитај Јован 6
Слушај Јован 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 6:60-71
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа