Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 19:28-42

Јован 19:28-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа, знаејќи дека целокупното Негово дело е завршено, а за да се исполни Светото Писмо, Исус рече: „Жеден сум!“ Таму имаше еден сад полн со вински оцет. Откако закачија сунѓер натопен во винскиот оцет на една прачка од хисоп, Му го принесоа до устата. Штом вкуси од винскиот оцет, Исус рече: „Се сврши!“ Потоа ја наведна главата и умре. Тој ден, петок, беше денот на подготовка за утрешниот празник Пасха, кој за Евреите претставува особено значаен празник. Затоа тие побараа од Пилат да им ги прекрши нозете на распнатите и да ги симне, за да не останат да висат телата распнати на крстовите и во саботата. Така, војниците дојдоа и најпрво им ги прекршија нозете на другите двајца кои беа распнати со Исус. А кога дојдоа до Исус видоа дека веќе е мртов, па не Му ги скршија нозете. Наместо тоа, еден од војниците со копје Го прободе под ребрата, при што потекоа крв и вода. Знаеме дека сето ова е точно, затоа што го кажува човекот што лично беше таму и со свои очи виде. Затоа можете да верувате и вие. Ова се случи за да се исполни Светото Писмо, кое претскажа: „Ниту една Негова коска нема да биде скршена.“ На друго место Писмото вели: „Ќе Го гледаат Оној што Го прободоа.“ Подоцна Јосиф од градот Ариматеја, кој беше таен Исусов следбеник, поради страв од Евреите, побара од Пилат да му го даде телото на Исус. Пилат му одобри и Јосиф отиде и го зеде телото од крстот. Дојде и Никодим со околу триесет и четири килограми смеса од ароматични смоли. Тоа беше оној Никодим кој порано беше дошол кај Исус ноќе. Тие го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во платно, заедно со ароматичните смоли, според еврејскиот обичај на подготвување за погреб. А на местото каде што Го распнаа имаше една градина и во неа една нова гробница, во која се уште никој не беше погребуван. Таму го положија телото на Исус, зашто гробот беше близу, а тие се брзаа, бидејќи беше ден на подготовка за саботата и Пасхата.

Јован 19:28-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свр­шено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“ Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го зака­чија на трска и Му принесоа до устата Негова. А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот. Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат ко­лената и да ги симнат. Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него. А кога дојдоа до Исус и го видоа де­ка беше веќе умрен, не Му ги пре­кр­ши­ја колената; но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. И тој што виде – посведочи, и све­доштвото му е вистинско; и знае дека ја кажува вистината, за да поверувате вие. Бидејќи ова стана за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се прекрши.“ И друго Писмо пак вели: „Ќе погледнат на Оној Кого Го прободоа.“ Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, го замоли Пилат да го симне телото и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово. А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. Го зедоа телото Исусово и го завит­каа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат. На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган. Таму Го положија Исус поради пе­токот јудејски, зашто гробот беше бли­зу.

Јован 19:28-42 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

По ова Исус, знаејќи дека е свршено сѐ, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!“ Та-му имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!“ па ја наведна главата и го предаде духот. Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат. Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него; и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете, туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода. И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие. Имено, сѐ ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.“ А на друго место Писмо-то вели: „Ќе гледаат на Оној, Кого Го прободоа!“ Потоа Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но таен - заради стравот од Јудејците - го замоли Пилата да го земе Исусо-вото тело; и Пилат му дозволи. Така дојде и го зеде Неговото тело. А дојде и Никодим, кој за првпат Му дојде ноќе, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. Го зедоа Исусовото тело и го завиткаа, според јудејскиот погребен обичај - во ленено пла-тно со мириси. А на местото, каде беше распнат, имаше градина и во градината нов гроб, во кој уште никој не беше положен. Таму Го положија Исуса, поради јудејското Подготвување, зашто гробот беше близу.