По ова Исус, знаејќи дека е свршено сѐ, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!“ Та-му имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!“ па ја наведна главата и го предаде духот.
Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат. Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него; и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете, туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода. И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие. Имено, сѐ ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.“ А на друго место Писмо-то вели: „Ќе гледаат на Оној, Кого Го прободоа!“
Потоа Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но таен - заради стравот од Јудејците - го замоли Пилата да го земе Исусо-вото тело; и Пилат му дозволи. Така дојде и го зеде Неговото тело. А дојде и Никодим, кој за првпат Му дојде ноќе, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. Го зедоа Исусовото тело и го завиткаа, според јудејскиот погребен обичај - во ленено пла-тно со мириси. А на местото, каде беше распнат, имаше градина и во градината нов гроб, во кој уште никој не беше положен. Таму Го положија Исуса, поради јудејското Подготвување, зашто гробот беше близу.