Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 10:1-16

Јован 10:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник; а кој влегува низ вратата, пастир е на овците; нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика свои­те овци по име и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“ Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа. Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за ов­ците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе из­ле­зе, и пасиште ќе најде. Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за ов­ците; а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека до­аѓа волк, ги остава овците и бега; и вол­кот ги разграбува и ги распрснува ов­ци­те. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене. Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и ду­ша­та Своја ја полагам за овците Свои. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.

Јован 10:1-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ве уверувам дека, штом некој не влегува низ вратата на трлото, туку се обидува да прескокне на друго место, тој е крадец и разбојник. Вистинскиот пастир на овците влегува низ вратата. Нему вратарот Му отвора. Овците го слушаат Неговиот глас, а Тој ги повикува Своите овци по име и ги изведува. Кога ќе ги изведе сите Свои овци, Тој оди пред нив, а Неговите овци Го следат, бидејќи Му го познаваат гласот. Тие никогаш нема да следат туѓинец, туку ќе бегаат од него, бидејќи не му го познаваат гласот.“ Исус им ја кажа оваа алегорична приказна, но тие не разбраа што сакаше да им каже. Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене, како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците. Имам и други овци, кои не се од ова стадо. И нив треба да ги приберам, кога ќе го слушнат Мојот глас. Тогаш ќе има едно стадо и еден Пастир.

Јован 10:1-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Вистина, вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчарникот, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник. А кој влегува низ вратата пастир е на овците. Нему врата-рот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува. Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас. По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.“ Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не разбраа што беше тоа за кое им зборуваше. Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послу-шаа. Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ “Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува; зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.