Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 10:1-16

ЈОВАН 10:1-16 MKB

„Вистина, вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчарникот, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник. А кој влегува низ вратата пастир е на овците. Нему врата-рот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува. Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас. По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.“ Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не разбраа што беше тоа за кое им зборуваше. Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послу-шаа. Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ “Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува; зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 10:1-16