Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 32:6-11

Еремија 32:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене. Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш. И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Госпо­дово, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на нас­ледство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро. И направив договор, му удрив печат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага. Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија

Еремија 32:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Еремија рече: „Ми дојде Господово слово: ‘Скоро ќе дојде кај тебе Анамеил, синот на твојот стрико Салум, за да ти каже: „Купи ја мојата нива во Анатот; ти имаш роднинско право за да ја купиш!“‘ Како што навести Господ, кај мене дојде синот на мојот стрико Анамеил во темничкиот двор и ми рече: ‘Де, купи ја мојата нива во Анатот, зашто ти имаш право на сопственост и роднинско право за да ја купиш! Купи ја!’ И така научив дека тоа беше Господов збор. И така, ја купив таа нива од синот на мојот стрико Анамеил од Анатот та му измерив во платежно средство седумдесет сикли сребро. Напишав договор, удрив печат, повикав сведоци и го измерив среброто на мерилката. Потоа го зедов купувачкиот договор, запечатен според прописот, според уредбите