Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 32:6-11

Еремија 32:6-11 MK2006

И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене. Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш. И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Госпо­дово, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на нас­ледство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро. И направив договор, му удрив печат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага. Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија