Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 32

32
Еремија купува нива
1 # 52,29 Слово Господово што дојде до Еремија во десеттата година на јудејскиот цар Седекија; таа година бе­ше осумнаесеттата година на Навуходо­носор. 2Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим, а пророкот Еремија беше затворен во стражарницата, што се наоѓаше во дворецот на јудејскиот цар. 3Јудејскиот цар Седекија го затвори таму, откако рече: „Зошто пророкуваш и велиш – така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе; 4и Седекија, јудејскиот цар, нема да избега од рацете на Халдејците, туку бездруго ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него уста во уста, и очите негови ќе ги видат неговите очи; 5и тој ќе го одведе Седекија во Вави­лон, каде што и ќе остане, додека не го посетам, вели Господ. Ако се борите против Халдејците, нема да победите?“ 6И рече Еремија: такво беше словото Господово до мене. 7Еве, Анамеил синот на твојот чичко Селум, доаѓа кај тебе да ти каже: купи ја нивата моја, што се наоѓа во Анатот, зашто, според родбинското право, тебе ти се паѓа да ја купиш. 8И Анамеил, синот на мојот чичко, дојде кај мене, според словото Госпо­дово, во стражарницата и ми рече – купи ја мојата нива во Анатот, во земјата на Венијамин, зашто правото на нас­ледство е твое и куповното право е твое: купи ја. Тогаш разбрав дека тоа беше слово Господово. 9И ја купив од Анамеил, синот на мојот чичко, нивата во Анатот, и му ја платив цената: седум шекели и десет парчиња сребро. 10И направив договор, му удрив печат, повикав потоа сведоци и среброто го измерив на вага. 11#32,44Па ја зедов потврдата за купопродажба, запечатена според законот, и наредбата, и отворената копија 12#51,59и му ја дадов потврдата за купување на Варух, синот на Нерија, син на Мах­сеја, пред очите на Анамеил, синот на мојот чичко, и пред очите на сведоците, кои го потпишаа тој купопродажен до­говор пред очите на сите Јудејци, што седеа во стражарницата; 13и му заповедав на Варух во нивно присуство; 14вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов – земи ја оваа книга, договоров за купопродажба, кој е запечатен и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време. 15#32,43Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: во оваа земја пак ќе се купуваат куќи, ниви и лозја.
Еремија Му се обраќа на Господ
16И откако му ја предадов на Нирие­виот син Варух купопродажната потврда, јас Му се помолив на Господ: 17#32,27; Мт 19,26„О, Господи Боже, Ти го создаде не­бото и земјата со силата Твоја голема и со крената рака; за Тебе не постои ништо невозможно; 18#20,11; 33,2; Ис 54,5Ти покажуваш милост на илјадници и за гревовите на татковците нивни им отплаќаш на децата нивни по нив: Боже Велики, Силни, на Кого името Му е Господ Саваот. 19#16,17; 17,10; Јов 34,11; Изреки 5,21Голем по мудрост и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да отплатува секому според патиштата не­гови и според плодовите на делата негови, 20#Дела 7,36Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата египетска, а извршуваш и до денес во Израел и меѓу сите луѓе, и си создаде име, како во оној ден, 21па го изведе Твојот народ Израел од земјата египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената десница и со го­лем страв. 22И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на предците нивни дека ќе им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко. 23#Неем 9,30Тие влегоа и ја присвоија, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа што им беше заповедал Ти да прават, па поради тоа Ти го ис­прати врз нив сево ова зло. 24Еве, насипите дојдоа до градот, за да го преземат; и од меч, глад и помор градот ќе се предаде во рацете на Хал­дејците, кои се борат против него; сѐ што рече Ти, се исполнува, и, еве, Ти го гледаш тоа. 25Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за пари и повикај сведоци, иако градот се предава во рацете на Хал­деј­ците.“
Божја објава за нивата
26И дојде слово Господово до Ере­мија: 27#4 Мојс 16,22; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6Еве, Јас сум Господ, Бог на секое тело; има ли нешто, што не е можно за Мене? 28Затоа, вака вели Господ: еве, Јас го предавам овој град во рацете на Хал­дејците и во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе го преземе, 29#19,13и ќе влезат Халдејците, што го опсадуваат овој град, ќе го запалат гра­дот со оган и ќе го изгорат него и куќите, под чии стреи се вознесувало кадење на Ваал и се извршувал прелив на туѓи богови, за да Ме разгневуваат. 30Зашто синовите Израелови и сино­вите Јудини уште од младоста своја само зло вршеа пред очите Мои; си­новите Израелови Ме разгневуваа со делата на рацете свои, вели Господ. 31#7,20; 2 Цар 17,18.23; 23,27И како само заради Мојот гнев и заради Мојата јарост да постоеше овој град од денот на неговото основање па сѐ до денес, за да го отфрлам од лицето Свое, 32за сето зло на синовите Израелови и на синовите Јудини, кои, за да Ме раз­гневуваат, го правеа тие – царевите нив­ни, кнезовите нивни, свештениците нивни, пророците нивни, луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим. 33#2,27; 5,3; 15,6Па Ми го свртеа грбот, наместо лицето и, кога ги учев, ги учев од рано утро, но тие не сакаа да примаат поука, 34#34,15; 5 Мојс 12,5.11и во домот, во кој се призива името Мое, ги поставија своите гнасни работи и го осквернија. 35#3 Мојс 18,21Во долината на Хиномовите синови изградија паганско светилиште на Ваал, за да ги преведуваат низ оган синовите свои и ќерките свои во чест на Молох, што не сум им заповедал, и на ум не ми идело дека тие ќе ги вршат тие гнасни работи, воведувајќи го Јуда во грев. 36Но сега, вака вели Господ, Бог Из­раелов, за овој град, за кој вие велите: „Со меч, глад и помор се предава во ра­цете на вавилонскиот цар“, 37еве, Јас ќе ги соберам од сите стра­ни, во кои бев ги расеал во гневот Свој, во јароста Своја и во големото негодување, па ќе ги вратам на ова мес­то и ќе им дозволам да живеат безопасно. 38#11,4; Ез 37,23.27Тие ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам Бог. 39#24,7И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се плашат од Мене во текот на сиот свој живот, за нивно добро и за доб­рото на децата нивни по нив. 40#29,11.32; 50,5Па ќе склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ќе им правам добрини, и ќе вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не се одметнуваат од Мене. 41#2,21; Соф 3,17И ќе се радувам за нив, правејќи им добро, и ќе ги засадам цврсто на оваа земја – од сѐ срце и од сета душа. 42#31,28Зашто вака вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној народ, така ќе испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив. 43#32,15; 33,10И тие ќе купуваат ниви во оваа земја, за која велат: „Тоа е пустина, без луѓе, без добиток; таа е предадена во рацете на Халдејците;“ 44#29,14; 32,10ќе купуваат ниви за пари, ќе потпишуваат купопродажни договори, ќе ги запечатуваат и ќе повикуваат сведоци – во земјата на Венијамин, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејќи ќе ги вратам заробе­ните нивни, вели Господ.

Селектирано:

Еремија 32: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност