Исаија 32:14-17
Исаија 32:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто дворците ќе запустат, шумниот град ќе биде напуштен; Офел и кулата ќе станат пештери – прибежиште на диви магариња и на стада што пасат. Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустината не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума, тогаш ќе се воведе правда во таа пустина, и праведност ќе заживее во плодоносното поле. Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на праведноста – трајно спокојство и сигурност.
Исаија 32:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата, додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора. Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле. Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.