Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 32

32
3. Конечно избавување на Израел
1Еве со правда царот царува, кнезовите владеат со правина; 2секој е како заветрина, прибежиште од невреме, како потоци во сува земја, како сенка во жедна пустина. 3Очите на видовитите не ќе бидат веќе слепи, ушите на оние кои слушаат ќе слушаат внимателно; 4срцето на неразумните ќе ја сфаќа мудроста, тепкавите ќе зборуваат брзо и јасно; 5расипаните веќе не ќе ги викаат благородни; 6зашто, расипаникот зборува лудости, и неговото срце смислува беззаконие за да направи злодела, за да зборува горделиво за Господа, за да му го остави празен желудникот на гладниот, за да му го скрати пиењето на жедниот. 7Кај измамникот оружјето е пакосно, тој смислува само сплетки, за да го упропасти бедниот со лаги, па и кога сиромавиот докажува право. 8На благородниот замислите се благородни и тој стои цврсто во сѐ што е чесно.
4. По поразите - обнова
9Станете, небрежни жени, слушајте го мојот глас; лесноумни ќерки, чујте ја мојата беседа. 10За една година и неколку дена ќе треперите, лесноумници, зашто ќе нема гроздобер, не ќе се берат плодови. 11Треперете, вие безгрижни, смутете се, лесноумни, соблечете се, разголете се, опашете вреќиште околу бедрата! 12Удирајте се по градите заради прекрасните полиња, заради плодните лозја; 13заради нивите на Мојот народ, што раѓаат трња и трништа; заради сите весели куќи, на разиграниот град. 14Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата, 15додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора. 16Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле. 17Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш. 18Мојот народ ќе живее во мирни населби, во безгрижни одморалишта. 19И снежен град ќе падне на шумите, градот ќе биде снижен во долините. 20Блазе ви вам: кои сеете покрај сите води, пуштајќи ги волот и ослето да одат слободно.

Селектирано:

ИСАИЈА 32: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се