Исаија 28:24-29
Исаија 28:24-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја? Не, откако ќе ја израмни површината, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле 'рж по сртовите. И на таков ред го учи неговиот Бог; Тој го упатува. Зашто не се врши граор со чукање, ниту тркалата што вршат го газат кимот; туку со стап го чукаат граорот, а со стап го чукаат и кимот. Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат. И тоа станува од Господ Саваот: чудни се неговите судови, голема е Неговата мудрост!
Исаија 28:24-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ора ли орачот секој ден, дали отвара бразди, дали влече брана во својата нива? А кога ќе ѝ ја израмни поврвнината, не сее ли грав, не турува ли ким? Пченица каде што треба, просо и јачмен, и најпосле ‘рж по рабовите? Неговиот Господ го упатува, Тој го учи на вистинско дело. Зашто гравот не се врши со брана, не со тркало врз кимот, туку гравот се врши со стап, а кимот се чука со прачка. А дали се дроби житото? Не, не ќе го чукаш довека: врз него ќе спотераш колско тркало и коњи, но не ќе го здробиш. И тоа доаѓа од Господа над Војските, со советот на Прекрасниот со мудроста на Великиот.