Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 28

28
Суд над Самарија
1 # 5,11-13.22 Тешко на Самарија, градот со кој се гордеат пијаниците Ефре­мови! Тешко му на свенатото цвеќе – негов гиздав украс – цвеќе среде наѓу­б­рената долина на замаените од вино! 2#30,30; Ер 47,2; Ез 1,24; 43,2Ете, јакиот и силниот во Господ како пороен дожд со град, како погубна луња, како разлеана поплава од бурни води, со рака ќе ги обори сите на земја. 3Со нозе ќе биде изгазен градот Са­марија, со кој се гордеат Ефре­мовци. 4#Ос 9,10-11; Мт 24,32И со свенатото цвеќе – неговиот гиздав украс – цвеќе среде наѓубрената до­лина, ќе се случи истото, како што ста­нува со смоквата, рано узреана: штом некој ќе ја види, веднаш ја кине со рака и ја изедува. 5#4,2-3; 37,31-36Во тој ден Господ Саваот ќе биде убав венец и славна круна за остатокот од Својот народ. 6#9,5; 11,2-5; 32,16Дух на правосудие за оној што седи во судот и снага за оние, кои го отфрлуваат непријателот од портите.
Водачите ќе бидат казнети
7 # 5,11-13; 56,12; Мих 2,11 Но и тие се нишаат од виното и го збркуваат патот свој од жесток пијалак: свештеник и пророк се препнуваат од силни пијалаци; победени се од вино, избезумени од жесток пија­лак, во гледањето се збркуваат, во судењето се сопнуваат. 8Зашто сите трпези се полни со одвратни блујавици, нема чисто место. 9#Ер 6,10А велат: „Кого сака тој да учи на знаење, и кого да вразумува со пропо­вед? Дали деца, кои се одвик­нати од градно млеко, одделени од мајчините гради? 10Зашто сѐ е заповед врз заповед, за­повед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку и таму малку#28,10 Значењето на овој стих во еврејскиот текст е нејасно..“ 11#33,19; Ер 5,15; 1 Кор 14,21Зашто со неразбирлив говор и на туѓ јазик ќе му се зборува на тој народ. 12#30,5; Ер 6,16; Пс 95,11; 132,14Им говореа: „Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор.“ Но тие не сакаа да слушаат. 13#8,15И стана во нив според словото Гос­подово: заповед врз заповед, за­повед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, – така што тие одејќи да паднат на грб и да се разбијат, да паднат во стапица и да бидат уловени.
Лажната сигурност е погубна
14 # 3,1-4 И така, слушајте го словото Гос­подово, хулители, управници на овој народ, кој е во Ерусалим. 15#8,7-8; 31,1; Ер 5,12; Амос 9,10Бидејќи говорите: „Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме напра­виле договор: кога ќе минува кам­шикот, кој казнува сѐ, тој нема да дојде до нас, зашто лагата ја направивме на­ше засолниште и со измама ќе се при­криеме“, – 16#7,9; Пс; 118,22-23; Мт 16,18; 21,42; Рим 9,33; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,6затоа вака вели Господ Бог: „Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, камен испитан, аголен, скапо­цен, темелен: кој верува во него, нема да се по­срами. 17#1,27; 28,15Ќе ја поставам правдата за мерило и справедливоста за терезија; врнежи од град ќе го уништат засолништето на лагата, и води ќе го потопат местото на заклонот. 18И сојузот ваш со смртта ќе биде уништен, договорот ваш со пеколот нема да остане. Кога ќе мине камши­кот, кој казнува сѐ, вие ќе бидете згазени. 19#Пс 119,67Секојпат кога ќе мине тој, ќе ве фати; а тој ќе оди секое утро, дење и ноќе и само слухот за него ќе предиз­викува ужас.“ 20Многу кратка ќе биде постелката, за човек да се протега; многу тесна и покривката, за да се завитка со неа. 21#29,14; Ис.Н. 10,10-14; 2 Сам 5,17-25Зашто Господ ќе се крене, како на гората Перасим; ќе се разгневи, како во долината Гаваон, за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Својата таинствена ра­бота. 22#10,22-23; Соф 1,18И така, не потсмевајте се, за да не станат оковите ваши поцврсти; зашто јас чув од Господ Бог Саваот дека е одредено истребување за целата земја.
Мудроста доаѓа од Господ
23 # 32,9; Пс 78,1 Приклонете го увото и послу­шајте го гласот мој; бидете внимателни, ислушајте ја речта моја. 24Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја? 25Не, откако ќе ја израмни површи­ната, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле 'рж по сртовите. 26#Јов 32,8; 35,11И на таков ред го учи неговиот Бог; Тој го упатува. 27#41,15; Амос 1,3Зашто не се врши граор со чука­ње, ниту тркалата што вршат го газат кимот; туку со стап го чукаат граорот, а со стап го чукаат и кимот. 28Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат. 29#9,6; 41,20; Пс 118,23; Рим 11,33И тоа станува од Господ Саваот: чудни се неговите судови, голема е Неговата мудрост!

Селектирано:

Исаија 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се