Ора ли орачот секој ден, дали отвара бразди, дали влече брана во својата нива? А кога ќе ѝ ја израмни поврвнината, не сее ли грав, не турува ли ким? Пченица каде што треба, просо и јачмен, и најпосле ‘рж по рабовите? Неговиот Господ го упатува, Тој го учи на вистинско дело. Зашто гравот не се врши со брана, не со тркало врз кимот, туку гравот се врши со стап, а кимот се чука со прачка. А дали се дроби житото? Не, не ќе го чукаш довека: врз него ќе спотераш колско тркало и коњи, но не ќе го здробиш. И тоа доаѓа од Господа над Војските, со советот на Прекрасниот со мудроста на Великиот.
Прочитај ИСАИЈА 28
Сподели
Спореди ги сите верзии: ИСАИЈА 28:24-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа