Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 6:13-20

Евреите 6:13-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе, велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“ И така, со долготрпение тој го доби ветеното. Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај. Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја по­ка­же Својата неизменлива волја, посведо­чи со клетва, та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена, а која е за нашата душа цврста и си­гурна котва, и кој влегува дури зад за­ве­сата, каде што Исус за нас влезе најна­пред, откако стана вечен Првосвеште­ник по чинот Мелхиседеков.

Евреите 6:13-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Така, на пример, кога Бог му го даде Своето ветување на Авраам, Тој се заколна дека ќе го исполни тоа што го ветува, и бидејќи нема ништо поголемо од Бога, Тој се заколна во Самиот Себе, и му рече: „Јас, Господ, ти ветувам дека изобилно ќе те благословам и ќе ти дадам многубројни потомци!“ Авраам беше стрплив и го доби она што Бог му го вети. Кога луѓето имаат меѓусебни расправии, тие се заколнуваат во нешто поголемо од себе. Така и Бог, сакајќи да не увери дека целосно ќе се исполнат Неговите ветувања спрема оние на кои тие им се наменети, кон Своето ветување додаде и заклетва. Бог не може да лаже! Овие две работи - Неговото ветување и заклетвата - се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме. Таа надеж е цврста котва за нашите души и не води преку завесата во Божјото најсвето место, таму, каде што веќе влезе Исус заради нас и стана наш вечен Првосвештеник од редот на Мелхиседек.

Евреите 6:13-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе, велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.“ И така, Аврам трпејќи го доби ветеното. Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување. Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва, така што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта што е поставена пред нас. Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата, каде што Исус влезе за нас како претходник, откако стана вечен Првосвештеник по редот Мелхиседеков.