Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 6:13-20

ЕВРЕИТЕ 6:13-20 MKB

Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе, велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.“ И така, Аврам трпејќи го доби ветеното. Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување. Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва, така што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта што е поставена пред нас. Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата, каде што Исус влезе за нас како претходник, откако стана вечен Првосвештеник по редот Мелхиседеков.