Евреите 11:35-38
Евреите 11:35-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Жени примија свои воскреснати мртви, а други беа мачени и не се избавија, за да добијат подобро воскресение. Други доживеаја подигрувања и удари, а покрај тоа и окови и темница. Беа каменувани, со пила резани на две, на искушенија подложувани, умираа од меч, скитаа во овчи кожи и во козји кожи; во оскуднот, во неволји, во лоши постапувања, оние за кои светот не беше достоен: скитаа по пустините, и по горите, и по пештерите, и по земните јами.
Евреите 11:35-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои жени доживеаја да им воскреснат починатите. Многу од нив беа мачени, одбивајќи да се откажат од верата во Бог и да бидат ослободени, зашто беа уверени дека ќе им биде подобро со воскреснатите. Други беа исмејувани, тепани и во окови затворани. Некои беа до смрт каменувани или со пили пресекувани или со меч погубувани. Некои од нив имаа само кожувчиња од овча или јарешка кожа и беа принудени да живеат како да се скитници. Беа сиромашни, измачени и малтретирани. Светот не ги заслужуваше овие добри луѓе, кои беа принудени да живеат во пустини, во шуми, во пештери и во јами.
Евреите 11:35-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија ослободени, за да добијат подобро воскресение; а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор; со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам – тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и јами во земјата.