Евреите 11:23-27
Евреите 11:23-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Родителите на Мојсеј имаа вера во Бог кога три месеци го криеја. Тие видоа дека детето е убаво и не се плашеа од заповедта на фараонот. Кога Мојсеј порасна, тој имаше вера во Бог и затоа одби да биде прогласен за син на фараоновата ќерка. Тој претпочиташе да страда заедно со Божјиот народ, наместо кусотрајно да ужива во грешните задоволства. Тој сфати дека е повредно да претрпи понижување заради Месијата, отколку да ги добие сите богатства на Египет; затоа, погледот му беше вперен кон идната награда од Бог. Мојсеј имаше вера во Бог кога го напушти Египет и не се исплаши од царскиот гнев. Остана непоколеблив, како да Го гледаше Невидливиот Бог.
Евреите 11:23-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед. Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата. Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто веруваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа.
Евреите 11:23-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Преку вера Мојсеј, кога се роди, неговите родители го криеја три месеци, зашто видоа дека детето е убаво и не се уплашија од царевата заповед. Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка, и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот. Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата. Преку вера го напушти Египет, не плашејќи се од царевиот гнев, зашто издржа како да Го гледа Невидливиот.