Евреите 11:20-24
Евреите 11:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината. Со вера Јаков на умирање го благослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“ Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израелови од Египет и им даде упатства за коските свои. Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед. Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
Евреите 11:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исак имаше вера во Бог и им вети благослови на Јаков и на Исав дури и за во иднина. Јаков имаше вера во Бог и, пред да умре, ги благослови синовите на Јосиф. Потпрен на својот бастун, тој понизно се поклони. Јосиф веруваше дека Бог ќе ги изведе Израелците од египетското ропство и, пред да умре, тој порача да му бидат изнесени и коските, кога ќе си заминат од Египет. Родителите на Мојсеј имаа вера во Бог кога три месеци го криеја. Тие видоа дека детето е убаво и не се плашеа од заповедта на фараонот. Кога Мојсеј порасна, тој имаше вера во Бог и затоа одби да биде прогласен за син на фараоновата ќерка.
Евреите 11:20-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Преку вера Исак ги благослови Јакова и Исава, и во однос на идните нешта. Преку вера Јаков, умирајќи, го благослови секој Јосифов син, и Му се поклони на Бог потпирајќи се на врвот од својот стап. Преку вера Јосиф на умирање спомна за излезот на Израелевите синови и даде заповед за своите коски. Преку вера Мојсеј, кога се роди, неговите родители го криеја три месеци, зашто видоа дека детето е убаво и не се уплашија од царевата заповед. Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка