Евреите 11:13-16
Евреите 11:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сите овие луѓе се сега умрени, но тие имаа вера, иако не го дочекаа она што им беше ветено, туку само оддалеку го видоа и го поздравија, истовремено признавајќи дека се само странци и привремени жители на Земјата. А луѓе што така зборуваат покажуваат дека бараат место што ќе им биде татковина. И не сметаа дека тоа е земјата од која произлегоа, зашто да мислеа така ќе најдеа начин таму да се вратат. Напротив, тие копнееја за многу подобрата небесна татковина. И затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог. Тој дури и град им изгради на небото!
Евреите 11:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина. И ако ја беа имале на ум онаа татковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат. Но тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.
Евреите 11:13-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сите овие умреа во вера, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, и исповедаа дека се туѓинци и придојденици на земјата. Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината. И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат; но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.