Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:1-7

Евреите 11:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Што е вера? Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел. Бог со одобрување гледаше на нашите предци токму поради нивната вера. Преку вера разбираме дека целата вселена била создадена преку Божјиот Збор, така што се што е видливо настанало од она што било невидливо. Авел имаше вера во Бог и затоа неговата жртва беше подобра од онаа на Каин. Бог ја прифати неговата жртва и со тоа покажа дека Авел е праведен. Иако Авел е веќе одамна мртов, неговата вера продолжува да зборува. Енох имаше вера во Бог и затоа не доживеа смрт: „одеднаш тој исчезна, бидејќи Бог го зеде“. Но пред Бог да го земе, Енох доби уверување дека му беше угоден на Бог. А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат. Ное имаше вера во Бог и затоа Тој го предупреди за она што се уште не се беше случило. Тој со побожна почит изгради ковчег за да го спаси своето семејство. На тој начин, светот беше осуден, а Ное поради својата вера беше оправдан во Божјите очи.

Евреите 11:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа. Преку неа постарите добија све­дош­тво. Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото. Со вера Авел Му принесе на Бога по­добра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­ро­ви; преку неа, иако мртов, тој уште збо­рува. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселува­њето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат. Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера.

Евреите 11:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат. Зашто преку неа старите добија сведоштво. Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото. Преку вера Авел Му принесе на Бога жртва подобра од Каиновата; преку неа прими сведоштво дека е праведен, зашто Бог посведочи за неговите дарови; и преку вера тој уште зборува, иако е умрен. Преку вера Енох беше пренесен така, да не ја види смртта, и веќе не се најде, зашто Бог го зеде; зашто, пред неговото земање, тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога. А без вера не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат. Преку вера Ное беше известен за она што уште не се гледаше, поттикнат од стравопочитување, приготви ковчег за спасение на својот дом; со неа го осуди светот и стана наследник на праведноста, која е според вера.